Најпопуларни

Цените на пченицата и пивото растат, Унгарија го презема претседавањето со ЕУ, а инфлацијата останува предизвик

– Поскапува пченицата на светските берзи, кај нас е двојно поевтина од лани

Во земјава на средината на јуни се зголемија цените на лебот. Мелничарите го оправдаа поскапувањето со зголемените цени на пченицата на светските берзи, која во текот на јуни се продаваше за 27 денари за килограм.

Веднаш потоа производителите на пченица се пожалија дека годинашниот род се откупува за двојно пониска цена од лани. Во 2023 година откупната цена на пченицата изнесуваше 19 денари, а годинава цената се движи од 8 до 10 денари за килограм.

За земјоделците ова е неприфатливо и бараат откупна цена од 30 денари за килограм. Своето барање го оправдуваат со зголемените трошоци за производство.

– Се инкасираат милиони на сметка на жедта за пиво

Пазарот на пиво, како на глобално ниво, така и во регионот Адриjа, е еден од најконсолидираните со доминантни пазарни играчи, посочуваат од аналитичкиот тим.

Тие објаснуваат дека регионот Адрија стана атрактивен пазар за глобалните играчи од 2000 година, кога локалните компании за производство на пиво станаа дел од глобалните компании како што се „Карлсберг“ (Carlsberg), „Хајнекен“ (Heineken) и „Молсон Корс“ (Molson Coors). Со тоа, производителите на пиво добија широко портфолио, кое вклучува и локални брендови.

– Унгарија го презема претседавањето со ЕУ

Унапредување на политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан, зајакнување на заедничката одбрана и подобрување на европската конкурентност, се трите врвни приоритети на претседавањето на Унгарија со Европската Унија во следните шест месеци, што официјално стартува денеска и чие мото е „Да ја направиме Европа повторно голема“.

Како што информира постојаниот претставник на Унгарија при ЕУ, Балинт Одор на прес-конференција во Брисел на која ја презентираше унгарската програма за претседавањето со блокот, Будимпешта има вкупно седум приоритети.

– Холцман од ЕЦБ: Упорно се потценува лепливоста на инфлацијата

Членот на Управниот совет на Европската централна банка Роберт Холцман предупреди дека погрешно се пресметува издржливоста на инфлацијата, според интервјуто за чилеанскиот „ЛТ Пулсо“ (LT Pulso).

„Навистина верувам дека се потценува колку е леплива инфлацијата“, рече тој.

„Имаме две главни можности за движење и грешки: се движиме прерано или се движиме предоцна“, изјави Холцман. „Прашањето е какви ризици носи тоа, а моето чувство е дека прераното дејствување создава поголеми ризици отколку задоцнетото“.

Се за бизнис

Поврзани Артикли

ПРОЧИТАЈ СЕГА

Популарни

Годишни одмори

Врз основа на законот за работни односи, се носи решение за користење на годишен одмор за вработениот. Одморот може да се користи во целост или делумно. Во прилог е пример од документот, корисен за работодавци од сите видови на компании.

Get in Touch

© Copyright 2024 by Ultrasoft