- Вкупните придонеси од задолжително социјално осигурување почнувајќи од 1 Јануари 2020 година изнесуваат 28% од бруто платата (18.8% за пензиско осигурување, 7.5% за здравствено осигурување, 1.2% за осигурување во случај на невработеност и 0.5% за дополнително здравствено осигурување).
- Тие се поставени на максимален износ од 16 просечни бруто плати, што значи дека доколку некој заработува повеќе од овој износ, неговата/нејзината основица за пресметување на придонесите ќе биде само 16 просечни бруто плати.
Придонесите од задолжително социјално осигурување се најголем извор на јавни приходи, со учество од 30.5% во вкупните приходи во 2019 година. Учеството на придонеси од задолжително социјално осигурување е 9,0% од БДП. Тие се пресметуваат на бруто платите на осигурениците и претставуваат приходи за соодветните фондови кои ги финансираат тековните и идните права на осигурениците – право на здравствена заштита, право на користење на пензија или бенефиции во случај на невработеност.