Овој данок има општа даночна стапка од 18% и две повластени стапки од 10% и
5%.
Законот за ДДВ за првпат е донесен на 1 април 2000 година со кој данокот на
додадена вредност (ДДВ) го замени дотогашниот данок на промет.
Данокот на додадена вредност е еден од најголемите придонесувачи кон вкупните
јавни приходи, со учество од 25.5% во вкупните буџетски приходи во 2019 (7.6% од БДП)
и 45.2% во вкупните даночни приходи во Буџетот на РСМ