- Согласно новиот Закон за акцизите кој започна да се применува од 1 јануари 2020 година акцизни добра се:
– алкохол и алкохолни пијалаци;
– тутунски производи и
– енергенти и електрична енергија
- Акцизата која се плаќа на акцизните добра е пропишана во апсолутен износ по единица мерка (специфична акциза), а за тутунските производи акцизата се плаќа како комбинација од специфична и пропорционална акциза (акциза во процентуален износ).
Акцизата на бруто основа учествуваше со вкупно 14.6% во вкупните приходи во 2019 година (4.3% од БДП7 во 2019 година). 51.4% од вкупната акциза е од минерални масла, 40.1% е од тутунски производи, 6.2% од алкохол и пиво, а остатокот од од 2.3% е од патнички возила кои до 2020 година беа дел од законот за акцизи.
Со примената на новиот Закон за акцизите од 1 јануари 2020 година патничките возила повеќе не се предмет на оданочување и истите се пропишани во новиот Закон за данок на моторни возила кој отпочна да се применува од 1 јануари 2020 година.
Со Законот за данок на моторни возила се регулира данокот на моторните возила и истиот покрај вредносна компонента (ad valorem) вклучува и еколошка компонента со цел подигнување на еколошката свест кај граѓаните и придонес кон намалување на загадувањето на животната средина.