- Извозот на стоки во периодот октомври − ноември 2023 година забележа пад од 4,6% на годишна основа
- Увозот на стоки во периодот октомври − ноември 2023 година забележа пад од 8,1% на годишна основа
- Намалување на трговскиот дефицит
Намален дефицит како резултат на намалениот извоз и намалениот увоз.
Падот на извозот во најголем дел е предизвикан од понискиот извоз на дел од производствените капацитети во странска сопственост од автомобилската индустрија како и од понискиот извоз на електрична енергија.
Падот на увозот во најголем дел се должи на понискиот увоз на енергија, како и на понискиот увоз на дел од производствените капацитети во странска сопственост од автомобилската индустрија, соодветно на извозните остварувања.