Најпопуларни

Прогресивен даночен систем

  • Директните даноци (на личниот доход и добивката) се карактеризираат со пропорционално и еднакво оданочување– и двата данока се оданочуваат според стапка од 10% (со исклучок на стапката на данокот на личен доход кај доходот од игрите на среќа, кој се оданочува со 15%).
  • Од 1 јануари 2019 година, се воведе прогресивно оданочување на личниот доход. Доходот од труд се оданочува со две стапки: даночна стапка од 10% на годишен доход до 1.080.000 денари – и повисока даночна стапка од 18% за износот кој го надминува прагот од 1.080.000 денари (даночна основа).
  • Доходот од капитал се оданочува со пропорционален данок од 15%.
  • Системот на оданочување на добивката остана непроменет: за данокот на добивка (ДД), кој што се однесува за правни лица, се применува единствена пропорционална стапка од 10%.
  • Оваа реформа беше воведена со цел да се ублажи нерамномерната распределба на доходот и да се намали доходната нееднаквост.
  • Исто така, за првпат во 2019 година данокот на личен доход беше поделен на два сегмента: (1) данок на доход од труд и (2) данок на доход од капитал.

Системот на еднаков пропорционален данок на личниот доход и добивката (популарно наречен „рамен данок“) беше за првпат воведен на 1 јануари 2007 година со стапка од 12%, која потоа беше намалена на 10%, почнувајќи од 1 јануари 2008 година%).. Пред 2006 година, даночната стапка на добивката кај правните лица беше пропорционална и изнесуваше 15%, додека пак кај персоналниот данок на доход се применуваше брзо променлива прогресија со три стапки, и тоа: 15%, 18% и 24%.

Поради можноста од зголемена неформална економија и даночна евазија, беше одлучено системот на прогресивно оданочување на личниот доход да биде ставен во мирување. Врз основа на проценката, почнувајќи од 1 јануари 2020 година,

Владата на Република Македонија одлучи да ја стави во мирување оваа даночна реформа за период од 36 месеци, со што во тој период ќе се продолжи со примената на рамниот данок од 10% за сите видови доход, освен за доходот остварен од игри на среќа, каде даночната стапка останува 15%.

Се за бизнис

Поврзани Артикли

ПРОЧИТАЈ СЕГА

Популарни

Годишни одмори

Врз основа на законот за работни односи, се носи решение за користење на годишен одмор за вработениот. Одморот може да се користи во целост или делумно. Во прилог е пример од документот, корисен за работодавци од сите видови на компании.

Get in Touch

© Copyright 2024 by Ultrasoft