- Гарантна шема
- Граѓанска обврзница
- Зелена обврзница
- Развојна обврзница
- Проектни обврници
Со цел постојано унапредување на финансискиот пазар на државни хартии од вредност и следење на светската практика, Министерството за финансии во текот на 2023 година, за прв пат издаде Граѓанска и Зелена обврзница, а поради пројавениот интерес ќе се продолжи со нивно издавање и во 2024 година. Во 2024 година ќе се продолжи да се работи на диверзификација на изворите на финансирање и воведување на нови видови на финансиски инструменти кои ќе имаат различна примена.
Дел од инструментите се веќе воспоставени, како што е Гарантната шема во рамките на Развојната Банка на Северна Македонија, преку која државата нуди дополнителна можност за полесен пристап до финансиските ресурси преку преземање дел од кредитниот ризик заедно со деловните банки.
Развојната Банка го формираше и Фондот за развој, кој има за цел да поддржува извозно ориентирани компании во областа на истражување и развој, како и финансирање проекти за подобрување на енергетската ефикасност и енергетската одржливост на долг рок.
Дополнително, подготвен е и механизмот за функционирање на Хибридниот стратешки зелен инвестициски фонд, со цел да се поддржат инвестициите во проекти во согласност со Европскиот зелен договор и новиот План за раст на Западен Балкан, предложен од Европската Комисија.