Најпопуларни

Експанзивна фискална политика

  • Вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари.
  • расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари.
  • буџетски дефицит е проектиран во апсолутен износ од 33,5 милијарди денари или на ниво од 3,4% од планираниот БДП.

Вкупните приходи на Буџетот се за 10% повисоки во однос на 2023 година. Расходите за околу 5,8% повисоки во однос на 2023 година. Вака планираните приходи и расходи резултираат со намален буџетски дефицит во однос на 2023 година за околу 9,2 милијарди денари.

Проекцијата на вкупните даночни приходи за 2024 година ги содржи и очекуваните фискални ефекти од имплементација на даночните реформи кај данокот на додадена вредност, данокот од добивка, данокот на личен доход, акцизите и данокот на моторни возила, кои се проценува дека ќе учествуваат со околу 0,7% во БДП за 2024 година.

Највисоко учество во јавните расходи имаат расходите за социјална заштита (31,5%).

Капиталните расходи се планирани на ниво од 45,2 милијарди денари. Истите се наменети за реализацијата на веќе започнатите инфраструктурните проекти, односно за инвестициски вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството.

Се за бизнис

Поврзани Артикли

ПРОЧИТАЈ СЕГА

Популарни

Годишни одмори

Врз основа на законот за работни односи, се носи решение за користење на годишен одмор за вработениот. Одморот може да се користи во целост или делумно. Во прилог е пример од документот, корисен за работодавци од сите видови на компании.

Get in Touch

© Copyright 2024 by Ultrasoft