- Даноците на имот се главниот извор на приход на општините (единиците на локалната самоуправа), како дел од процесот на фискална децентрализација.
- Во Законот на даноците на имот има три видови даноци на имот:
– данок на имот чија стапка варира од 0.10% до 0.20% од пазарната вредност на недвижниот имот и се плаќа секоја година;
– данок на подарок и наследство чија стапка варира од 2% до 5% од пазарната вредност на недвижниот имот, зависно од редоследноста на наследување;
– данок на промет на недвижности чија стапка варира од 2% до 4%.
Точните даночни стапки во секоја општина ги утврдува самата општина, при што во Законот се наведува опсегот на стапките и се посочува на тоа дека стапките се пропорционални (рамни).
Вкупните приходи од данок на имот изнесуваа 0.5% од БДП во 2019 година, што е меѓу најниските во Европа.