- Со сивата економија која се проценува на околу 38% од БДП, загубите на приходите заради затајување данок се значителни.
- Генерално сивата еконимија произлегува од употребата на нелегални финансиски трансакции, како во внатрешниот промет така и оние кои влегуваат преку незаконски канали од надвор.
- Ефектот на незаконската готовина (кеш) врз сивата екомоја често се одразува преку нерегистрирање на прометот, но и на незаконска исплата на трудот, со што негативно се влијае на буџетските приходи.
Затајувањето данок (даночна евазија) останува да биде голем проблем во РС Македонија.
Оттука, потребен е сеопфатен пакет мерки за подобрување на состојбата. За намалување на готовината Министерството за финансии, во моментов ги разгледува можностите за имплементација на проект именуван „Северна Македонија без употреба на готовина“ со цел да се поттикне употребата на картички како средство за плаќање и намалување на употребата на готовина. За подобрување на фискализацијата е проектот „МојДДВ“ чија цел е да се зголеми бројот на трговци кои издаваат фискални сметки, било доброволно или преку активни мерки од страна на УЈП која постапува по пријави од граѓани.