- Основната каматна стапка порасна на 6,30%
- Мал раст на каматата на новоодобрените кредити на претпријатија
- Вредноста на денарот стабилна
- Вредноста на доларот намалена во однос на еврото
НБРМ претпазлива во однос на намалување на основната каматна стапка која влече и намалување на каматните стапки на кредитите.
Централната банка во 2023 година, во шест наврати ја зголеми каматната стапка на благајничките записи, која од 4,75% на почетокот на годината достигна 6,30% во септември 2023 година. Засега стагнира на тоа ниво.
Кредитната активност бележи раст од 5,1% (при раст на кредитирањето и на
домаќинствата и на претпријатијата), а депозитите се зголемија за 9,1%, во услови на висок раст кај депозитите на домаќинствата и помал кај претпријатијата.