– Кој учи, а кој прави бизнис од вештачката интелигенција во Македонија?
Во последниве години, побарувачката за едукација во сферата на вештачката интелигенција (ВИ) вртоглаво порасна, како одраз на растечкото влијание на оваа нова технологија во различни сектори. Од технолошки гиганти до стартапи, од здравство до финансии, вештачката интелигенција ги трансформира индустриите и создава нови можности, а тоа води до зголемен интерес за курсеви и наставни програми за ВИ и кај почетниците и кај професионалците.
Брзиот напредок во технологиите за вештачка интелигенција предизвика значителна промена на пазарот на труд. Според извештајот на Светскиот економски форум, вештачката интелигенција се очекува да создаде 97 милиони нови работни места до 2025 година, додека некои работни позиции ќе станат застарени.
– Светска банка: Македонија да преземе реформи за справување со климатските промени
Македонија, како и другите земји од Западен Балкан, се соочува со сè поголеми предизвици од природни опасности што влијаат на животите, го попречуваат растот и ги оптоваруваат јавните финансии. За да се подготви за овие закани поврзани со климатските промени и да продолжи со пристапувањето во Европската Унија, земјата треба да преземе низа реформи, се наведува во новиот извештај на Светската банка, насловен „Преглед за климатски јавни финансии на Северна Македонија“.
„Во изминатите 50 години Македонија забележа значителен пораст на бројот на поплави, екстремни топлотни бранови, пожари и обилни врнежи. Само во последните две децении земјата се соочи со 12 катастрофи поврзани со климатските промени, кои погодија 1,3 милион луѓе. Со раст на глобалното затоплување, се очекува ситуацијата да се влоши во наредните години“, се наведува во соопштението од Светската банка.