Најпопуларни

Воведување еколошко (зелено) оданочување

  • Еколошкото (зелено) оданочување е предвидено да биде „паметно“ оданочување, со премин од трудово кон оданочување според загадувањето, со што се добиваат еколошки, социјални и економски бенефити.
  • Еколошкото оданочување е наменето за загадувачите поради негативното влијание кое го имаат нивните активности на животната средина и на другите.
  • Данок на моторни возила. Се состои од две компоненти: компонентата ад валорем што подразбира оданочување на процент од вредноста на возилото и специфична компонента која се пресметува врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид согласно податоците кои се дадени во табелите во рамки на Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила.
  • Воведување стимуланси за еколошка одговорност
  • Воведување стимуланси за еколошка одговорност
  • Стимулирање на концептот на кружна економија (circular economy)
  • Целта е усогласување со новата Стратешка агенда за 2019-2024 година на Европската унија во која една од четирите приоритети е градење на климатски неутрална, зелена, праведна и социјална Европа, како и со приоритетите содржани во Зелениот „Нов Договор“, тековната Седма акциска програма за животна средина (ЕАП) и одлуките на Советот за претстојната Осма акциска програма.

Главна цел на овој приоритет е да се подобри законската рамка во врска со зеленото оданочување во Република Македонија, односно оданочувањето кое би влијало позитивно на еколошкиот амбиент во државата, како и негова имплементација, а во насока на намалување на загадувањето на животната средина.

Еколошките возила со пониски емисии на CO2 стануваат економски поисплатливи за набавка од оние со поголема емисија на CO2. По исклучок данокот на моторни возила за одредени категории на моторни возила се пресметува и врз основа на силината на моторот искажана во киловати или врз основа на зафатнината на моторот искажана во кубни сантиметри.

Дополнително Владата од аспект на своите надлежности ќе се обврзи максимално да ги спроведи сите 5 столба на работниот документ Зелена Агенда за западен Балкан (Green Agenda for the Western Balkans) во кои доминираат 1) акции поврзани со климатските промени, декарбонизација, енергија и мобилност, 2) кружна економија, рециклирање, адресирање на одредени видови на отпад и одржливо производство, 3) биодиферсификација, заштита и обновување на природните богатства во регионот, 4) борба против загадување на водата, почвата и воздухот и 5) одржлив систем на производство на органска храна и развој на одредени рурални области.

Дигитализацијата би била клучен фактор во линија со концептот зелена и дигитална трансформација. Исполнувањето на целта на горенаведените столба би се реализирала преку одредени финанасиски механизми како фискални стимулации и даночни поволности.

Се за бизнис

Поврзани Артикли

ПРОЧИТАЈ СЕГА

Популарни

Годишни одмори

Врз основа на законот за работни односи, се носи решение за користење на годишен одмор за вработениот. Одморот може да се користи во целост или делумно. Во прилог е пример од документот, корисен за работодавци од сите видови на компании.

Get in Touch

© Copyright 2024 by Ultrasoft